Зошто утринскиот секс е многу подобар во лето?

Секс со партнерот секогаш е добра идеја. Но, во лето кога температурите растат, две испотени тела едно до друго е стварно фантазија.

Утринскиот секс сам по себе си има бројни предности. Утринскиот секс е како да јадете чоколадна торта за појадок – декадентно, слатко, задоволувачко уживање.

Многу истражувања покажале дека луѓето кои имаат секс наутро се посреќни и поздрави. Утринскиот секс обично е поинтимен и повозбудлив. Сексот сам по себе е одлична физичка активност, па заменете едно утринско трчање со еден утрински секс. Научниците потврдија дека со еден час секс се трошат исто калории колку со 30 минути џогирање.

За крај, следи и причината зошто утринскиот секс е уште подобар во лето: Температурите уште не се качени во „пеколна зона“, станот е тивок и изладен во текот на ноќта, а телата одморени.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.