Идеален “воен” часовник за модерните мажи – Hamilton Khaki Pilot Schott NYC

Hamilton Khaki Pilot Schott NYC е впечатлив часовник во ретро армиски стил, кој одлично ја надополнува машката естетика. Со текот на годините овој бренд има произведени голем број на Khaki модели кои се навистина модерни, но пред се во себе кријат голема историја.

Денешниот часовник кој ќе ви го претставиме е еден од неколкуте помалку вообичаени модели од оваа колекција, но сепак според многумина, важи за број еден.

„Наоружан“ со хронограф и автоматскиот калибар H-30 кој може да го погледнете преку задниот дел од куќиштето на кое што има отворен прозорец. Станува збор за 46 мм челично куќиште кое е водоотпорно до длабочина од 100 метри. H-30 механизмот е унапредена верзија од Valjoux 7750 која на овој часовник нуди 80 часа резервна енергија.

Hamilton Khaki Pilot Schott NYC е часовник со американски дух и швајцарска прецизност!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Како да го одберете идеалниот часовник за вас

Leave a Reply

Your email address will not be published.