Избегнувајте ги овие грешки додека се миете наутро

Многу од мажите не ги знаат сите правила кога станува збор за одржување на негата и хигиената. За многу од нас, миењето на лицето со сапун или шампон е сосема доволно. Сепак, и овие работи некогаш знаеме да ги направиме погрешно.

Многу мажи не сакаат баш да користат некои препарати наменети за кожата. Мажите во принцип се премногу агресивни кон својата кожа и понекогаш ја чистат се додека не дојде до иритација. Другата грешка која ја прават е дека тоа чистење на кожата го прават со ефтини препарати.

Наместо нив, ви предложуваме да користите различни препарати и сапуни кои се наменети за различни типови на кожа. Секогаш кога купувате некој производ, барајте ги оние кои важат и како навлажнувачи на кожата, производ кој истовремено ќе го чисти лицето и ќе го одржува да не биде суво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.