Издржа 60 часа да не стане: Црногорецот Жарко е шампион во лежење (ВИДЕО)

Заврши 12-от натпревар во лежење, кој традиционално го организира Етно селото Црна Гора во Брезни. Шампион на Црна Гора во лежење годинава е Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле“ од Забјела.

Издржа околу 60 часа, а во финалето со него ги одмери силите Вук Кољеншиќ од Даниловград.

Како што вети на самиот почеток на натпреварувањето, Жарко ќе се врати во Забјело како победник.

За ова зборува целиот Балкан, а во продолжение може да го видите и краткото интервју со него.

https://mondo.me/Info/Drustvo/a1104624/zarko-pejanovic-sampion-u-izlezavanju.html

На натпреварот учествуваа вкупно 9 натпреварувачи, 5 жени и 4 мажи, меѓу кои и едно момче.

Извор: Мондо.ме

Leave a Reply

Your email address will not be published.