Илон Макс е “безобразно” богат

Илон Маск оваа година заработи неверојтна сума на пари. Неговите компании „Tesla“ и „SpaceX“ достигнаа невиден раст оваа година, кој сеуште расте, и изнесува 66 милјарди доалри. Тоа го направи Илон Маск најбогатиот човек на светот според Блумберг. Тој има богатство од неверојатни 236 милјарди долари.

На листата на Блумберг се наоќаат најмногу технолошки фанатици, и на неа за прв пат има 11 лица кои ја надминуваат сумата од 100 милјарди долари.

Она што е навистина интересно е што Ворен Бафет и Бил Гејтс заедно имаат помалку пари од Илон Маск. Бафет се наоѓа на десетото место на листата најбогати луѓе, а неговата вредност изнесува 103 милијарди долари, додека пак Гејтс е на четвртото место со 130 милијарди долари.

Второто место на листата му припадна на Џеф Безос со 197 милијарди долари, додека пак на третото место се наоѓа Бернард Арно со 164 милијарди долари. 

Сопственикот на Фејсбук, Марк Зукерберг, кој загуби 7 милјарди долари минатата недела по падот на Фејсбук, сега е на седмото место со 121 милијарди долари, а пред него на 5 и 6-то се наоѓаат основачите на „Google“.

ИЗВОР: Блумберг

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕИСРА: Кои се најголемите 6 инвеститори кои постоеле

Leave a Reply

Your email address will not be published.