Инспиративни факти за новиот сопственик на Твитер, Илон Маск

Овие денови по купопродажбата од Илон Маск на социјалната мрежа Твитер целата светска јавност ги впери очите во оваа личност. Тој е еден од најголемите мислители и креатори во светот, најбогат човек на светот, но и една од најконтроверзните јавни личности во светот и јавноста има поделени мислења за него.

Но, за него може многу да зборува и има секакви информации кои не ѝ се понзати на светската јавност. Тој во еден миг од животот живеел од позајмици од своите пријатели, бил малтретиран во училиште и мета на навреди, а денес има богатство од 264 милијарда долари.

Денес тој управува некои од најуспешните компании на светот, односно произведува електрични автомобили, работи на унапредување на искористувањето на соларната енергија, прави приватни истражувања на вселената, лансира ракети, се стреми кон колонизација на Марс, а интересен е и за крипто инвеститорите бидејќи е активен и во оваа сфера. Од пред неколку денови тој е сопственик и на платформата Твитер.

Неговата неверојатна интелигенција и капацитет за учење нови работи се воодушевувачки и тој е инспирација за целиот свет. Некои интересни факти за него:

  1. Неговите родители мислеле дека е глув

Кога бил дете Илон често зјапал во далечина кога родителите му зборувале, што направило да поверуваат дека има проблеми со слухот. Но, на крај испаднало дека тој само сонува со отворени очи.

„Тој се задлабочува во некои свои мисли и патува во некој друг свет. И сега го прави тоа, само сега знам и го оставам сам, знам дека во умот дизајнира нешто ново и револуционерно“, изјави неговата мајка во една пригода.

2. Бил мета на напади во училиште

Растел во Јужна Африка, каде некои од соучениците често го задевале и тепале.

Тој дури имал и операција за средување на последиците од некогашните претрпени удари.

3. Смислил и продал видео игра во 1984 година
На 12-годишна возраст ја смислил играта „Blastar“ и ја продал за 500 долари. Кодот бил објавен во еден компјутерски магазин во Јужна Африка.

Во 2015 година инженер од Google го доработил кодот и ја ставил во функција.

4. Си ја плаќал киријата за време на колеџот преку организирање забави
Додека студирал на Универзитетот во Пенсилванија приредувал домашни забави на кои наплаќал по 5 долари влезница и со тоа си ја плаќал киријата.

Со цимерот ставале црни вреќи на прозорците и ги бојадисувале ѕидовите во светли бои во куќата во која живееле. Илон останувал трезен на забавите за да води сметка за сè.

5. Има дури осум деца
Маск има дури осум деца. Тој со неговата поранешна сопруга Џастин Вилсон. Близнаци родени во 2004 година и тројка родена во 2006 година.

Парот добил и син во 2002 година, но тој ненадејно починал кога имал само 10 седмици. Маск и Џастин се разведоа во 2008 година и го делат старателството над нивните пет сина.

Маск го пречека својот најмлад син Х, во 2020 година. По два брака со Талула Рајли и кратката врска со актерката Амбер Херд, Маск започна да се забавува со пејачката Грајмс во мај 2018 година. Таа го роди нивниот син, X AE A-XII, во мај 2020 година. X сега има 1 година. Тој и пејачката Грајмс, тајно го дочекаа своето второ дете, девојчето Екса Дарк Сидаераел, преку сурогат во декември 2021 година, пишува „Page Six“.

6. Живеел од позајмици од пријатели
Кога фатила големата криза и минал низ скап развод со неговата прва сопруга, Маск живеел од позајмиците од неговите богати пријатели. Ризикувал и неговите последни 35 милиони долари ги инвестирал во Тесла.

7. Поседува еден од автомобилите на Џејмс Бонд
Во 2013 година Маск потрошил 866.000 долари на аукција за да го купи Lotus Esprit автомобилот од Џејмс Бонд филмот „The Spy Who Loved Me“ (1977).

Уште како мал тој се воодушевувал на неговата преобразба во подморница во филмот, но се разочарал кога дознал дека автомобилот всушност не може да се трансформира.

8. Троши многу пари на недвижнини
Маск има пет домови во луксузното соседство Bel Air со вредност од 72 милиони долари.

9. Се има појавено во една епизода од серијата „The Big Bang Theory“
Во ноември 2015 Маск се појавил во епизодата „The Platonic Permutation“, каде во една сцена мие садови.

10. Редовно консумира марихуана

Илон Маск за време на гостувањето на подкаст кај Џо Роган за првпат запали „џоинт“ за време на емисија и јасно даде до знаење дека редовно консумира марихуана.

11. Опседнат е со криптовалути

Илон Маск е една од најконтроверзните личности кога во прашање е пазарот на криптовалути. Тој честопати преку „твитови“ успеаваше да манипулира со пазарот на криптовалути, а на тој начин светската јавност ги впери очите во него. Дури, тој воведе и плаќање со криптовалути во Тесла, но набрзо истото беше укинато.

Leave a Reply

Your email address will not be published.