ИНТЕРВЈУ: Маријана Костадиновска Димоска – “Во време на дигитализација кога информациите се споделуваат многу брзо, на нас логистичарите не ни останува ништо, освен да забрзаме“

Денеска во Џентлмен Магазин ќе разговараме со една успешна дама, а тоа е Маријана Костадиновска Димоска, експерт за развој и креирање на нови услуги во областа на логистиката. Таа ќе низ зборрува за новите трендови од светот на логистиката како клучна алка за секој бизнис.

Може ли на кратко да не запознаете со Вашето искуство во логистиката? По вокација сум Менаџер за бизнис логистика, завршив и средно стручно училиште каде се стекнав со струка Техничар за транспорт и шпедиција, а во моментов го пишувам и мојот магистерски труд на тема „Основање на логистичка компанија од областа на поштенскиот сообраќај во Р. С. Македонија, правни регулативи и систематско работење“, со што ќе дадам осврт на целокупното мое работење во логистички сектор  изминативе 10 години.

Имате долгогодишно искуство во делот на продажба и развој на нови услуги од областа на логистиката и осигурувањето, според тоа,  може ли да ни кажете кои се новите модерни трендови во логистиката? Во ова време на дигитализација кога информациите се споделуваат многу брзо, а тековите на добра и документи кои ја задржале својата физичка форма мора да се испорачаат од точка А до точка Б, на нас логистичарите не ни преостанува ништо друго, освен да забрзаме. Од таму се појавуваат и сите овие нови логистички трендови базирани на квалитетни информаиони системи, сериозен тим на високо обучени професионалци и автоматицазија. Ако една логистичка компанија не е во состoјба да понуди брз трансфер на производи, документи пропратен со транспарентен систем за управување со информации веќе не е конкурентна на пазарот на логистички услуги.

Како да се оддржуваат и градат цврсти и добри релации со клиентите? Моето долгогодишно искуство во продажба на услуги на големи бизнис клиенти ми покажало дека кога продавате услуга, впрочем, продавате решение за одреден проблем кој потенцијалниот клиент го има. Откако ќе го продадете решението треба да работите на исполнување на ветеното и така за целото времетраење на соработката со еден Клиент. Втора и најважна работа во градење на цврсти врски со Клиентите е менаџирањето во  кризни моменти, секогаш кога се јавуваат непредвидени ситуации, особено кога се занимавате со логистика, транспорт или сообраќај, што и да се случило на терен важно е информацијата за евентуално доцнење, губење или оштетување на добрата да е веднаш спроведена до Клиентот. На тој начин Клиентот ќе има време да изменаџира со кризата која ќе настане во неговото производство (поради недостиг на залихи на пример), или пак со крајниот клиент кој нестрпливо ја очекува својата пратка.  

Која е според Вас главната стратегија за да се одржат услугите обезбедени од вашиот тим во тек и конзистентни? Едноставно да си во чекор со трендовите, да нудиш флексибилни решенија и да имаш брз одговор на барања. Секако никоја конзистентност не е загарантирана ако не понудиш квалитет.

Може ли да дадете неколку ваши видувања за тоа како да ја зголемите оперативната ефикасност? За да ја зголемите оперативната ефикасност, односно да постигнете соодветно ниво на искористеност на ресурсите и средствата за работа со кои располагате, пред се треба да имате сериозно познавање од ресурсите, времето за извршување на една услуга, и сите дополнителни активности кои извршителот ги прави во текот на исполнување на задачата, откако ќе ги добиете сите информации од спроведените мерења и анализи, мора да консултирате експерт за човечки ресурси кој ќе Ви даде дополнителен совет за тоа како да го мотивирате извршителот, бидејќи без колегите на терен, менаџерите можат само да планираат.

Што мислите за тековните случувања во логистиката? Дали кај нас, логистичките компании ги следат доволно светските трендови и ги почитуваат барањата на клиентите? Секако, ретки се компаниите кои се спремни да инвестираат, но постојат ентузијасти. J Компаниите се повеќе инвестираат со современи ИТ систем кои овозможуваат track&trace , креираат алатки за автоматизирана комуникација со Клиенти, вградуваат ГПРС урди во возилата, задолжително ги баркодираат производите, и се е тоа во насока на добивање брза, траспарентна и точна информација во секое време.

Која е најдобрата стратегија која според Вас треба да се примени со цел компаниите за достава и логистика да се справат со моменталниот скок на побарувачка од услугите поврзани со оваа индустрија? Задолжително да ги автоматизираат процесите, со цел да се овозможи брзина во оперативните и манипулативните процеси. Секако да имаат големо познавање од планирање со цел да постигнат оперативна ефикасност и да понудат конкурентни цени. Логистичките компании, особено оние кои се занимаваат со поштенска дејност се соочени со сериозна не лојална конкуренција и мора здружено да најдат начин да се одвојат од останатите, само на тој начин компаниите ќе можат да понудат квалитетна услуга.

Leave a Reply

Your email address will not be published.