Летото полека го оставаме зад нас, а со него и кратките фризури и избричените лица. Следниве месеци одиме со промени, па покрај подолгите фризури, одиме и со долги бради. Да, знаеме дека тие се хит последниве години во поглед на мачо и хипстер стилот, но последната анкета на Journal of Evolutionary Biology, вели дека истата може полесно да ви донесе и девојка (one night stand или за сериозно).
Анкетата вели дека девојките кога се во потрага по мажи, пред се за посериозна врска, тие целат кон брадестите мажи. На сите слики од анкетата, девојките повеќе шанса давале на мажите со подолга брада, него на оние без или со скроз малку тримувана брада. Затоа не се зезајте, време е за брада.
ФОТО: Unsplash