Историјата на симболот на џет сетот – “Лимузина”

Не секој е љубител на лимузините, но секој е фасциниран од нивната големина, од луксузот кој го носат со нив. Лимузините влегуваат во нашиот свет како автомобили на богатите, на луксузот, на матурските, на свадбите.

Сите имаат мини ладилници во нив, имаат чаши, шампањи имаат телевизори и се доста комфорни за оние кои се возат.

Денеска овие видови на авромобили не се нешто многу прифатени, но минатиот век кога се појавија за прв пат беа одлика на софистицираност.

Да се вратиме назад во времето прво кога аристократите се возеле во кочии кои биле со врвен тапацир и дизајн. Сакале да седат внатре за разлика од другите и да се кријат од сите можни проблеми без разлика дали се временски или други кои може да настант. Шоферите за разлика од нив седеле надвор. Тоа е за прв пат како се појавуваат лимузините на почетокот на 20 век.

Зборот лимузина доаѓа од француската провинција Лимузин. Нема некоја си поврзаност на лимузината со регионот. Целта на овој автомобил бил да го раздвои шоферот од сопственикот и да биде надвор од нивните случувања.

Овој автомобил им требал на најбогатите луѓе, владејачката фела, на претседателите. Тие се воделе од една девиза, што поголема лимузина тоа пдобар статус во општеството. Што поглема лимузина значи и поголем комфорт за оние што имале пари.

Моменатала лимзуина на Белата Куќа наречена “Sверот” е Кадилак од 16 милиони долари, кој има супер современ безбедносен систем против пожари, против гасови, против куршуми и бомби. Кралицата на Велика Британија има Бентли лимузина веќе 2 децении, а Путин има Аурус Лимузина од 2018 година. Но, да бидеме реални, на вакви луѓе дефинитивно им треба лимузина.

На познатите ѕвезди им се можело да имаат лимузини. Уште од времето на Елвис Присли се возеле во лимузини. Во 21 век, раперите биле уште неколку чекори отидени напред и имале лимузини џипови како на пример Хамерот.

ФОТО: Unsplas

Leave a Reply

Your email address will not be published.