Италијанската доминација на ЕУРО 2021 во секоја смисла на зборот (ФОТО)

Италијаните или фудбалерите на Италија поточно, оставија голем впечаток во јавноста. Секој натпревар не освојуваат со својата хармонија, сплотеност, со имиџот кој го оставаат на нас пред ТВ екраните.

Дефинитивно доминираа на ова Европско во секоја смисла на зборот, започнувајќи од играта па се до стилот. Познати се Италијаните дека внимаваат многу на својот изглед и на својот имиџ.

Иако многумина ќе речат дека се глумци, плачковци, ние ќе кажеме дека одиграа ферплеј и заслужено се таму кај што се.

Но, да се вратиме на модата. Оваа година, но и изминатите италијанската репрезетација е облечена од познатиот моден креатор Армани. Поточно за нив е креирано од брендот Емпорио Армани. Се појавија со одлична сива варијанта на одела, скроени по мерка кои изгледаат одлично. Селекторот е диригент и во модата кај нив, па Манчини го носи со себе она ноншалантното кај нив. На сликите ќе можете да погледнете.

За крај, да се надеваме дека во финалето на ЕУРО 2021 ќе играат двете најмодерни нации кога се работи за модата кај мажите, Италиј и Англија, па да биде дуел на мажите со стил.

ФОТО: Instagram / Azzuri

Leave a Reply

Your email address will not be published.