Италија – Англија во големот финале

Вчера го добивме и вториот финалист на ЕУРО 2021 година. Во напреварот помеѓу репрезентациите на Данска и Англија, земјата од островот успеа да слави по продолженија со 2:1, и се пласираше во големото финале каде за противник ќе ја има Италија.

Англичаните беа подобри, но не се истакнаа посебно. Регуларниот дел заврши 1:1, а први поведоа Данците. Израмнија Англичаните преку автогол на Кјаер.

Во продолжението Хари Кејн израмни од пенал, кој Шмајхел прво го одбрани, но топлката се одби во нозете на Кејн и го постави конечниот резултата. Пеналот беше контроверзен и е под критика низ целиот свет. Чувството дека Англија се фаворизира и вчера беше присутно.

Данската репрезентација ги освои симпатиите на првенството, кое го играа за Ериксен.

ФОТО: Facebook

Leave a Reply

Your email address will not be published.