Италија е нов Европски шампион

Италија на пенали ја совлада Англија и го однесе пехарот во Рим. Славната песна која англичаните ја пееја “Football’s coming home” сега стана “Footbal’s coming to Rome”.

Натпревартот започна со гол на Лук Шо во 2-та минута, со што англиските фудбалери се затворија веднаш и Италија владееше на теренот. Во второто полувреме, Бонучи по една мешаница израмни на 1-1. Италијаните го имаа мечот во сввои раце и постојано напаѓаа, но немаа среќа.

Во изведувањето на пеналите, Џиџи Донарума покажа зошто е најдобар големан во моментов со фатени 2 пенали. Тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

На доделувањето на медалите прв да земе медал ја имаше честа Спинацола, еден од најдобрите италијански бекови, кој се повреди лошо и ќе паузирa неколку месеци.

Се на се заслужена победа на Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.