Вашиот стил на живеење треба да одговара на просторот во кој живеете и обратно. Внесување на новитети и освежување на просторот не е така тешко доколку ги познавате основните принципи. Еве неколку од нив кои ќе ви помогнат да го уредите станот по ваш стил.
Текстура – Во тренд е рапава текстура, визулено доживување кое веднаш ќе ви пренесе и чуството под рака. Камен, цигла, рапав бетон. Ако користите некој од овие материјали, тогаш значи дека сте маж со смелост.
Темни бои – одберете боја на ѕид и на ткаенина како сива. Заматените бои даваат смирена атмосфера.
Еколошка свест – нашето однесување и активности влијаат на животната средина. Користете био материјали, рециклиран текстил, органски памук… Еколошката свест е во тренд.
Минимализам – држете се до лесен мебел со едноставни линии, но внесете разнобојни перници чиј распоред и бои можете да ги менувате.
Уметнички дела – немора да бидат само слики, графици, колажи скулптури кои и не мора да имаат некој познат потпис.
ФОТО: Unsplash
Погледнете како изгледа станот на модниот дизајнер Томи Хилфигер