Како да одберете вечерен аутфит во лето?

Високите температури можат многу да влијааат на промена на вашиот стил, посебно доколку мора да го задржите формалниот дрес код. Еве неколку предлози кои може да ги искористите за вашата летна вечерна варијанта.

Можеби сте слушнале многу пати, но ленената кошула е одличен избор ако сакате да изгледате паметно и кул истовремено. Лесниот материјал од природни влакна ќе ве заштити од топлото време, посебно ако се грижите за флеките од пот под пазувите.

Уште еден must have во плакарот на модерниот маж – чино панталони. Без разлика дали станува збор за вечера, бизнис – кежуал варијанта за во вашата канцеларија или се спремате за на обично кафе, ова е вистинскиот избор.

Бидејќи е лето одберете посветли бои и полесни материјали. Секако, кога станува збор за комплетен изглед – блејзер. Иако ленените блејзери не се толку популарни, ова лето се чини дека се прв избор кога станува збор за вечерен летен стајлинг. Доколку сакате да изгледате повеќе смарт кежуал носете го со истобојни пантoлaни.

© Gentlemanmagazin ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.