Како да организирате домашна казино забава како вистински џентлмен

Да одите во казино со вашата екипа, може да биде забавно, но истото може да го направите и дома. Дали ќе организирате игра со карти, покер, или нешто трето, останува на вас. Но, еве неколку совети како таа забава дома треба да изгледа

ЗАБАВА ВО СТИЛОТ НА ЏЕЈМС БОНД 007

Жените се секогаш импресионирани од неговите опасни активности, додека пак мажите се палат на храброста која ја има да превземе се во свои раце, и способноста на заведување на жените. Агентот 007 отсекогаш бил симбол на вистински маж. Секогаш добра и отмена гардероба, добра и тематска музика, коцка забава која најавува елеганција и возбуда, живот на висока нога и мистериозна нота од која никогаш не знаете што ќе се случи следно.

ВЛЕЗ ПРЕКУ ВИП-ЛИСТА

Направете вашето друштво да има едно незаборавно искуство така што ќе поставите црвен тепих преку влезот до масата за играње. Што повеќе ВИП третман имате, толку подобро. Ангажирајте фотограф, кој ќе има ефект дека се ептен на ВИП забава.

Можете да ставите и многу декоративни предмети. Луксузни пепелници, кутија за пури, секачи, девојќи кои ќе служат, а и бармен и келнер кој ќе припрема врвни пијалоци.

СПРЕМЕТЕ АДЕКВАТНИ ИГРИ

Бидејќи се работи за казино забава, игри и активности се она што треба да го осмислите добро. Покерот е добра забава. Знае да биде доста интересно. Дајте им влог на некоја сума. Симболична која нема да наштети никого. Направете и интимна соба, за покер во соблекување. Може да биде интересно. Правата атмосфера нека биде и тематска, на пример Гетсби, и така додајте енергија.

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Канапеи, малце по луксузно доколку можете. Пијалоци, од просеко за добредојде до виски, коњак, вино. Избегнувајте пиво. Може и некој коктел. Затоа имајте бармен.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.