Како да оставите прв впечаток на џентлмен

Влегувањето во некој соба, канцеларија или што и да е е најлесна работа која еден човек ја прави, но спонтано знае да биде и најтешката. Зошто го пишуваме ова? Бидејќи тука се остава првиот впечаток на еден џентлмен и неговите манири. Без разлика дали влегувате на некој состанок, или на забава. Тука се остава првиот впечаток на еден џентлмен. Многупати досега сме говореле или пишувале за тоа дека секој сака да цели да остави добар прв впечаток без разлика каде се појавува. Прва работа која секој џентлмен треба да ја направи е:

ДА ЈА ЗАТВОРА ВРАТАТА ПОЗАДИ СЕБЕ

Звучни боизарно едноставно. Звучи некако толку не важно. Но, затворањето на вратата позади вас, ќе ја направи разликата за перцепцијата на луѓето кон вас. Тоа остава една порака на колку сте прецизен и дека не оставате ниту една работа да биде половично завршена. Следна работа која е доста важна е:

ВНКИМАВАЈТЕ НА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО

Сигурни сме досега многу пати сте слушале или читале за говорот на телото и неговата примена и важност. Ова е многу важен детал на кој треба да се обрне внимание, ако сакате да имате добар впечаток во јавноста или пред луѓето кои се наоѓате. Ако влезете во една просторија и сте со главата надолу, рамената спуштени и се прикрадувате, ќе оставите лош впечаток. Но, ако влезете со сигурност во себе, смирени и умерени, без брзање, и со доза на насмевка, и тоа како ќе оставите впечаток. Следно нешто што е важно е:

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО СИТЕ ВО СОБАТА

Се започнува со очите драги џентлмени. Контактот со очите е сериозно важен. Прав џентлмен секогаш гледа во очи. Доколку влезете во една соба со луѓе и погледот ви бега ќе оставите впечаток на човек кој нема самодоверба или е преварант. Но, ако ги погледнете во очи, сите оние кои ќе се свртат накај вас, и ги поздравите, без разлика кој е кој во собата, тогаш сте прав џентлмен. Правите или вистински џентлмени се секогаш еднакви пред сите луѓе. Следно кое е многу важно е:

ВНИМАВАЈТЕ НА РАКУВАЊЕТО

Ракување. Секогаш постои тоа прашање дали треба да се ракуваме со сите во собата? Бидејќи сме во пандемија на Ковид, најдобро е прво да прашате дали на некого му пречи да се поздравите или не. Доколку на вам ви пречи, можете со едно мафтање на сите да им покажете дека ги почитувате и цени. Следно, и многу важно е:

ПОКАЖЕТЕ ИНТЕРЕС ЗА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ

Не треба да се правите силен во една соба со луѓе. Напротив, треба да се однесувате како да припаѓате во таа соба со сите тие луѓе. Доколку сте домаќин на некоја група на луѓе, треба да сте нормален, да не сте арогантен. Кој би сакал домакинот да е арогантен? Доколку сте поканети некаде, без разлика каде, треба да покажете почит кон оној кој ве викнал. Многу важно во оваа ситуација е да покажете интерес кон луѓето. ДА поставувате прашања, да бидете прашан. Бидете пријатни, но не нападни. Следно, но, и последно е:

ПОЈАВУВАЊЕТО Е СЕ

Сигурни сме дека не треба да ви го кажеме ова, но секогаш вреди. Доколку не се појавите на некое место, а сте поканет, тогаш ќе оставите слика за вас дека сте несериозен. Без разлика дали сте имале бурен ден, или бурна вечер и денеска не можете да се соберете буквално, треба да изгледате свежо по секоја цена. Да изгледате сигурни во себе и цврсти.

© Gentlemanmagazine

Leave a Reply

Your email address will not be published.