Како да се облечете како Џејмс Бонд ова лето (ФОТО)

Џејмс Бонд. Нема маж што не сака да биде како познатиот таен агент 007. Нема жена која не сака да биде со него. Нема кројач кој не го посакува во својот салон. Овој човек е прав џентлмен. Фиктивен или не, но е репер за секој маж.

Денеска ќе напишеме неколку зборови за неговиот стил. ЗА тоа како да се облечете како Џејмс Бонд ова лето.

Иако се наоѓаме во фаза на високи температури, и сакаме да се облекуваме комотно, сепак еден лик како Бонд, нема да го видите со апостолки, или со кратки шорцеви, оние ептен кратки.

Еве што би ви препорачале да носите, ова лето, за да изгледате како Бонд, Џејмс Бонд.

САФАРИ ОДЕЛО

Сафари одело, е добро познато одело кое го носеше Роџер Мур. Ленено одело, идеално за летниот период.

БЕЛА КОШУЛА СО САКО

Бела кошула, раскопчана до градите во комбинација на сако. По можност да биде ленено.Но, може и друга ткаенина која ќе ве направи да се чувствувате одлично и комотно.

ЛЕНЕНА КОШУЛА И ХАВАЈКА

Ленената кошула или хавајката се идеални за летниот период. Комотни се, не ве потат и ве вентилираат при секој мал провев.

ШОРЦЕВИ ЗА КАПЕЊЕ

На плажа изгледајте моќно. Тоа значи да обезбедите одлични шорцеви за капење како овие на сликата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.