Како да станете успешен менаџер во 5 чекори?

Да се биде лидер не значи само да се управува со тим. Лидерот е човек кој презема иницијатива, изразува свое мислење и квалитетно комуницира со соработниците. Тој ги почитува другите и никогаш не се противи на туѓото знаење. Се разбира, се ова е далеку полесно да се каже отколку да се направи. Најтежок дел од задачата е истото што се кажува и да се примени.

Секој кој цели да биде успешен менаџер а воедно и лидер треба да испони повеќе работи, а за тоа треба време и ништо не се постигнува преку ноќ. Затоа, ако сакате да бидете успешен лидер за почеток треба да направите неколку основни чекори за да стигнете до успех.

  1. Откријте во што сте стручни

Бидете искрени кон себе. Колку и да сте паметни, не знаете се. Не морате да знаете се за секоја работа, но морате да знаете што знаете. Доколку правилно ја одберете областа во која сте најстручен и се посветите на неа, тоа многу полесно ќе можете да ја градите вашата кариера.

2. Внесете се себеси во она што го работите

Запамтете, вашата стручност е половина од она што ве води кон успехот. Другата половина сте вие. Кога се обраќате на своите вработени или клиенти, користете го своето знаење, но истовремено изразете свое лично мислење и став. Луѓето веднаш се забелжуваат кога го зборуваат тоа што не го мислат.

3. Немојте да бидете претереано самоуверени

Дури 79% од вработените велат дека најмногу им пречи на претеранта самоувереност кај менаџерите која доведува несоодветна комуникација. Добриот менаџер треба да го изгради бреднот само преку сослушување на другите, а привлекувањето на внимание и кога нема потреба би можело да биде голем минус.

4. Опкружете се со добар тим

Немојте да мислите дека успехот ќе го постигнете сами. Тоа е далеку од вистината. Ако сакате да бидете ефикасни, клучно е да имате поддршка од својот тим. Водете сметка за вас и членовите на вашиот тим да работат на целите кои сакате да ги постигнете.

5. Придржувајте се до она што сте го кажале

Бидете доследни. Не си го прегазувајте зборот. Добриот менаџер секогаш го прави она што го рекол. Со секој неисполнет збор вие сте поблиску до губење на секој потенцијален соработник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.