Како да ја одберете вашата идеална рамка за очила?

Колку и да ви одговараат некои очила, од време на време морате да ги менувате. Иако трендовите кај очилата се менуваат побавно отколку кај очилата за сонце, тие сепак се менуваат.

Со оглед на тоа што ги носите цел ден, а повеќето луѓе прво ги забележуваат вашите очила, особено ако не ви стојат, сосема е јасно дека меѓу модерните рамки треба да ги најдете оние што ви изгледаат убаво. Доколку сакате да бидете неутрални, изберете црно-бела палета на бои, а ако сакате да се истакнете и да ги нагласите очилата, тогаш во јака боја.

Оваа сезона во тренд е и пилотската форма кај диоптриските очила, како и поголемите очила со подебели и поистакнати рамки. Поголемите вакви очила, со поцврсти рамки, подобро им одговараат на покрупните мажи, заради рамнотежа.

Диоптриските очила без раб и полурамка се добар избор за мажи кои сакаат модерен минимализам.

Титаниумските рамки се исто така многу модерни. Титаниумот е лесен, силен и квалитетен и изгледа многу елегантно, така што овие очила се и модерни и висококвалитетни.

Во продолжение ви претставуваме неколку рамки кои се актуелни во оваа сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published.