Џентлмен, џентлмен, џентлмен. Постојано го потенцираме тој збор. Пред се поради важноста да се биде културен, да се биде на едно друго ниво. Да се има разбирање со секого, да се биде учтив кон секого. Така доаѓаме до една нова тема. Раскинување или прекинување на врска со вашата девојка. И тоа треба да е на еден џентлменски начин. И покрај сите причини, дури и најлошите, потрудете се да задржите некое достоинство и покажете дека сте големи и во најтешките моменти.
БИДЕТЕ НЕЖНИ
Некое не пишано правило. Учтивоста и емпатијата се многу важен фактор во животот и тоа се карактеристики кои секој џентлмен треба да ги поседува. Кога сме кај раскинувањето на врските, учтивоста треба да биде на едно високо ниво, без разлика дали ве преварила, или се сосема други некои разлики во карактерот.
Бидете учтиви. Не заборавајте. И да избувнете, гледајте да се смирите. Не за џабе рекле, број до 10.
БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ПРЕКИНОТ НА ВРСКАТА НАВИСТИНА ГО САКАТЕ
Прекинот на врската е стресна работа, и враќање на почеток во одредени фази во животот. Бидете сигурни дека го сакате тоа 100%. Доколку не сте сигурни, агонијата ќе ве превладее.
НАПРАВЕТЕ ГО ТОА ЛИЧНО, НЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН
Прав џентлмен има самодоверба и не се враќа назад. Така треба да биде и со вас. Доколку ја прекинувате врската, направете го тоа лично. Дома, или во некој парк. Избегнувајте јавни места, гужви. Не секогаш знаете каква ќе биде реакцијата на партнерот. Избегнувајте телефон, тоа е кукавички.
НЕ ЧЕКАЈТЕ ДОБРО ВРЕМЕ, СЕКОГАШ Е ДОБРО ВРЕМЕ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ
Не бидете од оние, абе сега не е време, дај да се вратиме од одмор и ќе прекинам. не, тоа не е фер спрема другата личност. Тоа е кукавички. Тоа покажува несигурност. Тогаш подобро седнете и размислете дали тоа го сакате или не.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И ПОСЛЕ РАСКИНУВАЊЕТО
И без разлика дали сте. раскинале поради друга девојка, не бидете “сељаци” и не постирајте слики со новата девојка како уживате. Оставете малку време. Не би сакале и на вас тоа да ви се случи. Бидете умерени вочекорите. Сепак се работи за некоја особа со која сте поминале време заедно.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com