Секоја дама сака покрај себе да има маж кој има одлични манири, манири на вистински џентлмен. Во очите на жената тој човек треба да поседува неколку карактеристики кои ќе го направат да биде специјален или посебен. Едно е важно да знаете дека ниту брадата, ниту мускулите, ниту новиот автомобил, не можат да го направат мажот попривлечен во очите на жената колку овие неколку ставки подолу.
Хумор
Духовитите мажи покажуваат завидно ниво на интелигенција, покажуваат опуштеност и самодоверба, а со тоа значи дека мажот кој ги смее луѓето околу себе, ќе ја смее жената во текот на целиот нејзин живот. Нешто кое многу значи.
Способност
Никој не е способен за се, но мажите кои се способни и кои се разбираат во повеќе работи, се секако по привлечни од мажите кој не знаат ни една сијалица да сменат. Затоа убаво е секогаш да се надградувате и едуцирате.
Иницијатива
Мажот на кого не му е непријатно да даде комплимент, прати порака, гласно насмее или страствено бакне, е маж кој знае да превземе иницијатива што секогаш делува привлечно во очите на жената.
Посакуван
Сакале или несакале да признаат, на жените им е секси мажот кој другите жени го посакуваат, а тој ја избрал баш неа. Со тоа тој ги потврдува неговите квалитети и создава доза на натпреварувачки дух кој може да биде возбудлив.
Став
Самодовербата е клучниот фактор за привлечност, затоа што ако некој има лошо мислење за самиот себе, тогаш не треба да очекува другите да имаат поразлично мислење за него. Мажот кој е свесен за своите доблести и мани, знае како да се однесува спрема луѓето и знае како да остави добар впечаток е секогаш повеќе привлечен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Четвртото издание на изборот за “Мажи на годината” ќе се одржи на 24 Ноември во хотел Double Tree by Hilton Skopje