Да се биде добар во банкнувањето не е само причина за втор состанок, туку е дел од она што ве вреднува како партнер во врската. Ако сте лош бакнувач, сигурно нема да го повторите состанокот со личноста што ви се допаѓа.
Вашите вештини за бакнување играат улога во целокупното здравје на вашата врска. Можеби не мислите дека бакнувањето е огромна работа, но никогаш не престанува да биде камен-темелник на среќните интимни партнерства.
Доколку првиот бакнеж е „неуспешен“, тоа е доволен предзнак како и дали ќе ви се развива врската. Жените скоро секогаш по првиот бакнеж размислуваат колку сте вие добар љубовник, и лошиот бакнеж ќе ја одврати да се впушти во врска со вас, а тоа ќе ве разочара.
Но ако сте добар бакнувач, ако вашата партнерка се чувствува посебно, тогаш едноставно работите ќе ви одат од рака во иднина.
Неколку совети кои ќе ви користат и добро е да ги применувате доколку сакате да бидете топ 1 изборот за вашата сакана:
- Грижете се за здивот
Лошиот здив или нечистите заби е забрана број 1 кога станува збор за бакнување. Обрнете особено внимание на хигиената, редовната посета на заболекар, како и одржување свеж здив е клучот за првиот впечаток.
Усните се исто така важни. Користете омекнувач за усни, одржувајте ги меки, мазни и влажни. Овие работи покажуваат дека се грижите за себе.
- Бидете нежни
Не се трудете премногу! Дозволете си опуштеност и препуштете се на природниот тек на настаните. Преголемата желба да бакнете некој, понекогаш ќе биде осудена на пропаст.
Започнете со бавни бакнежи, па преминете на бакнеж со страст, тогаш ќе се развие вашата конекција во поглема интимност и возбуда.
- Бакнувањето не секогаш значи дека ќе имате секс
Немојте да мислите дека бакнежот гарантира секс. Само затоа што некој се забавува со вас, не значи дека сака да спие со вас.
Пред да бакнете некого, бидете сигурни дека сте на иста бранова должина. Разговарајте и откријте кои ви се взаемните интереси од врската.
- Бакнувањето и гушкањето се важни и по долги години во врска
Првиот добар бакнеж може да ви донесе втор состанок, но бакнежите се важни и во текот на врската. Наклонетоста кон партнерот ја одржува вашата поврзаност. За многумина од нас, потребна ни е интимност за да се потсетиме дека сме ценети и почитувани. Не е важно дали сте заедно еден месец или пет-десет години, бакнувањето секогаш е повеќе од важно за здрав интимен однос со вашата партнерка, и взаемното почитување кое ќе сакате долго да го одржувате „свежо“.