Како треба да се однесувате и облекувате на деловните приеми

И деловниот прием има свои правила на однесување кои вреди да се следат бидејќи играњето според правилата ќе ги подобри шансите од деловниот прием да излезете со склучен договор.

Погледнете ги петте совети за изгледот и однесувањето за време на деловниот прием:

1. Одело за мажи

Одличното одело ќе направи чуда за мажите. Оделото е задолжително! Збогатете го изгледот со некој добар часовник и врвна кондура.

2. Не носете торба

На деловните примеи, мажите треба да заборават да носат торба или пак некој ранец. Едноставно отидете на приемот комфорни.

3. Дочек и запознавање

Домаќините треба да ги пречекаат гостите и меѓусебно да ги запознаат. Ако не е на влезот, гостинот најпрвин треба да го пронајде и поздрави домаќинот, а потоа останатите гости. Исто така,правило е младите да ги претстват повозрасните, понискиот ранг да го претстави повисокиот и мажите да ги запознаат жените. При ракувањето редоселот е обратен – жената би требало прва да пружи рака кон мажот, а повозрасното лице прво кон помладото.

4. Организација на вечерата и храната

Ако вечерата ја организирате во ресторан, не заборавајте да резервирате маси. Прашајте дали некој од планираните гости има алергија на некога храна и внимавајте на режимот на исхрана за тоа лице. Ако сте ги повикале на вечера, вие треба да ја платите вечерата.

5. Најчести грешки

Најчести грешки кои се случуваат на деловните вечери или приеми се несоодветното однесување поврзано за телесниот став: непримерно седење, премногу динамична гестикулација со приборот или без него, ширење на лактите кон лицето кое седи до нас, потпирање врз друго лице, несоодветно користење на приборот за јадење, несоодветен начин на консумирање на храната и пијалокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.