Кога е иделано време да букирате хотел, а да заштедите и пари?

Кога е вистинското време за да букирате хотел? Апликацијата Hopper, која е наменета за планирање на патувања, косристи вештачка интелегенција за предвидување на цента на авионските карти, а сега истото тоа го применува и кај хотелите.

Како и авионските карти, во денешно време и цените на хотелите се исто така динамични и се менувааат со голема брзина.

Кога е сезона или преголема заинтересираност, нормално дека цените се поголеми, а кога хотелот има слободни соби кои што треба да се наполнат, тогаш цените се намалуваат. Затоа оваа апликација Hopper може да ви помогне доколку планирате да патувате во сопствена режија.

Компанијата почнала да ги тестира алгоритмите на предвидување на хотелите уште во 2017 година. Според основачот на оваа апликација, сите оние кои што во вистинско време ќе резервираат хотел, може да заштедат и по 60 долари од ноќевање.

Токму тоа е целта на апликацијата, да ве известува кога цените на хотелот ќе се намалат. Според оваа апликација цените на хотелите почнуваат да се намалуваат 12 недели пред патувањето, а според досегашното искуство, цените се најниски точно две недели пред патувањето.

Според експертите најдобри цени можете да добиете на ден или два пред патувањето, но постои ризик да не успеете да најдете хотел кој што ќе ви одговара.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.