Кога е поефикасно време за вежбање наутро или навечер?

Нова студија вели дека луѓето кои вежбаат рано наутро можат да изгубат повеќе тежина од тие кои вежбаат покасно во текот на денот. Во испитувањето учествувале 100 млади мажи со зголемена телесна тежина.

Тие вежбале околу 5 пати во неделата, од 7 до 19 часот и правеле потполно исти вежби, се додека секој од нив не потроши 600 калории. По 10 месеци секој од нив изгубил по неколку килограми, но разликата била голема.

Резултатите покажале дека луѓето кои вежбале претпладне изгубиле повеќе тежина од оние кои ја посетувале теретаната после 15 часот. Исто така, разликите биле воочени и во текот на денот. Оние учесници кои вежбале наутро биле поактивни и поенергични во текот на денот, а јаделе помалку од другите.

Иако статистичките податоци укажуваат дека утринското вежбање е најдобро, доколку не сте во можност тоа да го правите на почетокот од денот подобро да го направите подоцна отколку никогаш.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.