Кои македонски актери важат за големи фраери?!

Актерите се луѓе кои најчесто се во свој филм. Имаат изградено свој стил, најчесто се лежерни, нон шалантни, едноставни, и сето тоа ги прави различни и големи фраери.

Македонската сцена има доста квалитетни актери. Актери на кои можеме да се гордееме и од нив да научиме многу работи.

За денеска ви ги претставуваме македонските актери кои важат за фраери

1. Никола Ристановски

Македонскиот Џорџ Клуни како што многумина го викаат. Но, за нас Никола е уникатен фраер. Човек со стил, умерен секогаш, но секогаш има што да каже. Важи за голема ѕвезда во целииот регион, односно во државите од бивша Југославија.

2. Сашко Коцев

Сашко Коцев е еден од нашите најталентирани глумци. Актер во многу претстави и филмови. Долгогодишен водител на Златна Бубамара на популарноста. Човек кој знае да ги насмее сите.

3. Јордан Симонов

Нашиот познат актер Јордан Симонов е уметник кој заслужува титула фраер. Човњк кој од секогаш бил пример, како на професионален план, така и на приватен.

4. Благој Веселинов

Блажо е актер кој остави одличен впечаток кај македонската јавност. Фраер во вистинска смисла на зборот. Урбан, секогаш умерен, човек кој што има одиграно голем број на претстави. Познат по улогата во филмот Исцелител.

5. Жарко Димоски

Млад, талентиран, секогаш дотеран. Жарко Димоски, водителот на Џентлмен Магазин, е маж кој е вистински џентлмен. Миленик на јавноста. Уникатен и различен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.