Кои македонски бизнисмени важат за мажи со најдобар стил?!

Македонските бизнисмени искрено не одаваат многу големо значение на својот изглед. Доколку во минатото имало луѓе со стил во нашата држава, сега можеме да кажеме дека тие луѓе со стил и грижа за својот изглед се зголемува, но сепак голем е бројот кои се истакнуваат со “Селљачки моменти”. За жал или среќа, не може секој да би де господин човек или пак џентлмен.

Ви претставуваме 5 македонски бизнисмени со најдобар стил кај нас.

Божидар Јанковски или Бобо Дајнерс важи за вистински џентлмен. Маж од кој секој маж треба да учи. Секогаш дотеран, секогаш на ниво, одмерен, но маркантен. Директорот на Дајнерс Клуб Македонија е успешен во она што го прави веќе со години. Отсекогаш важел за човек со стил.

Енвер Малиќи, кој за жал минатата година го напиушти овој свет, важеше за исклучително голем џентлмен. Во 2019 година ја доби наградата за Маж со трајни вредности и Маж со стил според официјалниот избор на Мажи на годината во Македонија. Важеше за уникатен, секогаш со стил, секогаш дотеран од глава до пети. Она што го отсликува е деталите кои ги носеше на себе, марама или марамче.

Игор Божиновски или кралот на часовниците кај нас, е бизнисмен кој важи со стил. Секогаш дотеран, со врвен часовник на рака, и модни детали кои го отсликуваат.  Сопственикот на Божиновски часовници и накит е љубител е на авиони и мотори.

Трифун Костовски, авангарда на македонскиот деловен свет. Човек со стил, кој секогаш може да се сретне со пура. Младите имаат што да увидат кај овој човек

Ненад Пантовиќ, ко-сопственикот на Сињори секогаш е дотеран од глава до пети. Иако е најмлад помеѓу оваа листа на бизнисмени, сепак Ненад има изградено стил на бизнисмен кој треба да пример за многумина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.