Кои се најголемите причини за губење на самодовербата кај мажите?

Постојат бројни истражувања на оваа тема, а многу од нив кажуваат дека и мажите и жените подеднакво се соочуваат со истиот проблем во различни етапи од својот живот. Формирањето на самодовербата кај личноста се поврзува со искуствата што детето ги има уште во раното детство.

Денеска постои една теорија позната како теоријата на афективното емоционално поврзување.

Според оваа теорија, децата што со родителите (односно со луѓето што ги одгледуваат и негуваат) воспоставуваат сигурна емоционална поврзаност, развиваат повисока самодоверба во споредба со децата што воспоставуваат несигурно емоционално поврзување. Раните искуства во детството и предизвиците во текот на животот влијаат врз целокупната самодоверба кај човекот.

Најчести причини за нарушена самодоверба кај мажите се: губење на работното место, развод, прекинување на љубовна врска, болест, намален финансиски статус, проблем со губиток на косата, проблем со сексуалниот перформанс, импотенција, неплодност и проблем со килограмите. Овие животни настани нема да предизвикаат иста реакција или пак намалување на самодовербата кај секој маж, но сите имаат силно влијание.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.