Во секоја индустрија од општеството може да се најдат голем број на личности кои оставиле силен печат, но како што е тоа во финансиите, не е никаде на друго место. Има милион приказни каде што побогатите инвестирале во некои помали проекти, а со текот на времето успеале од нив да заработат милионски суми на пари.
Сите ние сакаме да ги знаеме приказните за успешните и за тоа како стигнале до тоа што се денеска. Кога збриме за инвестирањето, сакаме да знеме како тие знаат каде и зошто да инвестираат. Еве ги најпознатите инвестироти кои некогаш постеле или сеуште постојат.
Бил Грос – основач на PIMCO
“Да ја пронајдете најдобрата личност или најдобрата организација во која ќе сакате да инвестирате пари, е една од најважните одлуки кои треба да ги направите„. Познат под името “the King of Bonds” кој своето огромно богатсто го направил преку инвестиции кои го направиле еден од најдобрите инвеститори на сите времиња.
Питер Линч – генерален Менаџер во Fidelity Investments
“Твоите способности за инвестирање не ги добивате од Вол Стрит експертите, тоа е нешто што треба да го имате веќе во вас. Тој успеал вредноста на компанијата Fidelity Investments да ја зголеми од 18 милиони на 14 билиони долари.
Ворен Бафет – основач на Berkshire Hathaway
“Ние едноставно се обидуваме да се плашиме кога другите се алчни и дека се алчни само кога другите се плашат”. Име кое верувам посотјано го слушате, бидејќи тој е еден од најуспешните инвеститори на сите времиња. Можеби поради причината поради која тој започнал со малку пари, а сега вреди 85 билиони долари.
Џон Џек Богл – основач на Vangu
“Мрачната иронија за инвестирање е тоа што инвеститорите како група не само што не го добиваат она што го плаќаат, туку го добиваме токму она за што не плаќаме”. Неговото име било во топ 4 на листата на најдобри инвестироти на 20 век.
Хуи Ка Јан – основач на Evergrande Real Estate Group
“Треба да се фокусираме на инвестициите во развојот на младите”. Ова е еден од најбогатите личности во Кина. Тој е основач и акционер во една од најголемите агенции за недвижности во Кина која има повеќе од 500 проекти во 180 земји низ светот.
Бенџамин Грахам – основач на Graham-Newman Partnership
“На краток рок, пазарот е машина за гласање, но на долг рок, тоа е машина за мерење.” Тој е познат како “Father of Modern Investing,”. Тој бил ментор на неверојатниот Ворен Бафет. Всушност, тој е самиот инвеститор на кој му се припишува концепт за “вредно инвестирање”, што во суштина се сведува на идејата дека треба да купиме хартии од вредност кои во моментов се недоценети за да се зголеми профитот што може да го генерирате кога тие да станат целосно реализирани и профитабилни организации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Бизнис совети од најмоќните дами во светот