Коктелот негрони е одличен аперитив за во лето. Неговиот богат вкус ќе ви го отвори апетитот за со сласт да го консумирате последниот оброк во денот, а неговиот изглед на полиран рубин ќе ви го привлече погледот како со магнет.
Од вчера, 24 јуни започна претпознатливата Негрони недела, која трае цела недела и нуди неверојатни видови на Негрони коктели од најпознатите шанкери во светот. Поради тоа, ние се одлучивме да ви претставиме 3 прекрасни видови на Негрони коктел со кои ќе го започнете летото на најубав можен начин.
Classic Negroni
Состојки:
- 45 мл џин
- 30 мл Кампари
- 30 мл вермут Карпано
Подготовка
Во шејкер ставете неколку коцки мраз и додајте ги џинот, вермутот и Кампарито. Промешајте 10 секунди. Во претходно разладена чаша прецедете ја течноста од шејкерот. Чашата треба да биде ниска и широка. Ставете во коктелот тенко парче портокал и послужете веднаш.
ФОТО: Unsplash