Колку влијае начинот на исхраната врз продуктнивоста и секојдневото функционирање?

Денеска живееме во време каде што сме секојдневно преплавени со голем број на информации и обврски, па понекогаш е доста тешко и напорно да останеме продуктивни и да функционираме едноставно во нашето секојдневие.  Токму затоа постојат голем број на фактори кои влијаат врз продуктивноста и кои не одржуваат сконцентрирани во текот на целиот ден.

Денеска имавме можност да разговараме со Јосиф Дамјанов, познат македонски советник за здрава исхрана кој што има има за цел да остави нешто позади себе од кое што луѓето ќе имаат корист.

Во интервјуто го прашавме Јосиф, колку влијае начинот на исхраната во секојдневото функционирање, па еве што ни одговори тој.

Па 70%. Има дури и научна основа што укажува на тоа. Понекогаш преживувањето и истуркувањето на денот ни станува секојдневие. Јас на пример порано прифатив дека тоа што не можам да се разбудам наутро со алармот, тоа што ми се приспива попладне или тоа што пијам многу кафиња е само нормално секојдневие. Разликата, како влијае начинот на исхрана исклучиво може да се дознае кога човек ќе ја среди засекогаш.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.