Колку во Македонија е развиена културата за уживање во пури?

Мала држава сме и во однос на тоа колку ни се достапни некои работи, и кога на тоа ќе се додадат и историските моменти како и моменталната општествена ситуација, може да се каже дека полека развиваме култура за уживање во пурите. Би сакал да напоменам дека од дамнешни времиња пурата е асоцијација на луксуз и хедонизам. Пурите во минатото биле и тешко достапни за секого посебно поради фактот дека се произведувале на друг континент и поради малото производство. Биле скапи па така биле и речиси недостапни за луѓето кои живееле во Македонија, а со самотото тоа и културата на пушење пури не била развиена.

Со напредокот на општеството преку списанија и телевизијата можело да се види дека најславните претседатели на држави во дваесетиот век биле големи уживатели на пури почнувајќи од Јосип Броз Тито кој беше најкомплетниот и најголемиот познат хедонист што некогаш живеел. Познати уживатели на пури биле и Винстон Черчил, Фидел Кастро, Ернесто Че Гевара, Џон Кенеди и истакнати личности како  Марк Твен, Зигмунд Фројд, Џорџ Бурнс и други. Што се однесува до достапноста на квалитетни пури сега за разлика од порано кај нас има неколку увозниции на пури и со тоа пурите се веќе лесно достапни. Можам да кажам дека ЛГА Импортс и Тобако е еден од водечките увозници кој ги увезува најдобрите пури кои не потекнуваат од Куба, има и застапник на кубански пури и застапници на машински пури кои не се интересни за вистинските уживатели на пури бидејќи не се од цели листови тутун и не се рачно направени.

Image result for cigars

За жал има и шверцувани пури кои се со сомнителен квалитет и се разбира нивните цени се пониски бидејќи не се оригинални. Кај нас има еден одреден, но не голем круг на уживатли на пури кои знаат да ги почитуваат правилата и кодексите на козумирањето на пури. Tоа се искусни пураши кои на некој начин се и одреден пример како тоа се прави,  како тоа треба да изгледа за биде отмено и џентлменски.

Се почесто имаме примери  на доста млади луѓе кои сакаат да бидат уживатели на пури и да ги научат тајните на искусните уживатели на пури, се интересираат, прашуваат, читаат, истражуваат… Има мажи кои сакаат да пробаат да пушат пури но се срамат бидејќи земаат во предвид што ќе мисли и каже околината за нив, има и такви кои уживаат во пурите дома сами а и тоа некогаш претсавува  задоволство. За жал постојат и лоши примери на козуматори на пури најлошото е тоа што не сакаат да се информираат и да научат што е типично балкански, и во суштина не знаат да конзумираат пури, а се прават дека знаат и кога во наводници уживаат во пурите тогаш ситуациијата делува снобовски некогаш и малограѓански.

Најчесто тоа се случува  кога некој сака да привлече внимание на себе дека е некој и нешто и за тоа користи пура. а не знае како! На крајот сето тоа е смешено во очите на присутните бидејки уживањето во пурите е вистнски ритуал кој има свои џентлменски кодекс и правила, од држење на пурата, пресекување, палење, почеток на конзумацијата, средина и крај. Реално пура може да пуши секој, но во  пура може да ужива, а при тоа добро да изгледа само некој!

Image result for cigars

Конзумирање добра пура на некој начин е релаксација каде се вклучени повеќе сетила кои се синхронизирани и во моментите на добро опуштање конечниот резултат е тотално уживање.

Со цел да ја подигнеме пура културата ние од ЛГА Импортс и Тобако правиме настани каде се среќаваат уживателите на пури, коорганизатори сме на првенството за споро пушење на пури кое е и квалификација за светското првенство кое секоја година се одржува во Сплит, Хрватска.

Related image

ЛГА е организатор на манифестацијата Мак Цигар Афиционадо манифестација која е најголем собир на уживатели на пури во нашата држава на која се доделуваат титулата Мак Цигар Афиционадо на личност која е најзаслужна за ширење на пура културата во Македонија. Фејсбук групта Пура Култура каде што јас сум админ која со поддршка на Марко Нанче Трендафилов, Бојан Коцевски и други уживатели на пури ја направивме пред една ипол година и веќе има близу 300 членови и сакам на сите активни членови да им се заблагодарам кои со своите фотографии и коментари придонесуваат исто така за ширење на пура културата во нашата држава.

Габриел Стибел

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Што е хедонизам според еден од најголемите хедонисти во Македонија?

Leave a Reply

Your email address will not be published.