Колку македонските мажи се успешни?

Нашата држава во едно одредено време може да се каже дека претставувала расадник на паметни луѓе. Луѓе кои можеле да направат многу за иднината на нашата држава. Во секој период од осамостојувањето па до ден денеска, одредени политики и ситуации направиле да остане една празнина во општеството. Празнина од заминување на успешни и талентирани луѓе кои можеле да допринесат многу.

Но, тоа е една тажна приказна за која не би сакале да говориме, туку би се насочиле на реалноста. Реалноста е дека нашата држава има навистина потенцијал и може да биде повторно расадник на успешни луѓе. Ние сме такви, ние сме непоправливи оптимисти дека секогаш има светло на крајот од тунелот. Тоа е еден коментар кој го имаме добиено од еден човек кој има години и години успешни приказни позади себе.

Да се вратиме сега на она прашање колку македонските мажи се успешни. Успешни мажи имаме дефинитивно, и дефинитивно ќе имаме. Македонија има успешни мажи, мажи кои оставиле трајни вредности во бизнисот, спортот, културата и воопшто во општеството.

Иако во последните години поради разни фактори во Македонија се помалку се обрнува внимание на личниот развој и на културните вредности кои се карактеристики за еден успешен маж, развојот на мажите зависи од сопствената желба дали и во која насока ќе се развиваат. Се повеќе некако имаме чуство дека постои злоба и завист од невидени размери. Тоа е онаа карактеристика на лушето кои се непродууктивни и замрзнати во проститулокот нивни.

Успешниот човек е човек кој знае дека има одговорности, прави планови да ги заврши работите, гради безбеден дом со или без ничија помош, гради сојузници, греши, никогаш не се откажува од тоа што го сака и никогаш не се бори на слепо. Можеби нема да ви даде пари, но сигурно ќе ви даде инспирација, тој можеби не е најбогат, но сигурно е во рамките на својата цел, и е секогаш отворен за учење на нови работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.