На времето луѓето имале навика да стапуваат во брак на млади години. Но денес не е така. Иако има некои луѓе што сеуште веруваат во мотото “колку бракот е подолг толку ќе биде и посреќен”, има и такви кои гледаат што покасно во животот да стапат во брак. За среќа, сега ја имаме математиката и статистиката кои прецизно покажуваат кои години се најидеални за стапување во брак.
Според последното истражување на Institute of Family Studies, се дознава точното време кое е најдобро и најидеално за стапување во брак а тоа е периодот помеѓу 28 и 32 години.
Социологот Nick Wolfinger стои позади овие податоци. Тој анализирал податоци од 2006 па навака, и статистички докажал дека најмал број на разводи се случуваат кај браковите стекнати во доцните 20ти и раните 30ти години. Секој брак стапен над 32 години значи и плус 5% зголемена шанса на годишно ниво за развод. Додека годините од 28 до 32 годишно ја зголемувале шансата за долговечен брак од 11%, во однос на годините пред 28 и после 32.
Доколку сте скептици, еве уште едно истражување, дело на Philip Cohen, кое дава уште по екстремни податоци. Неговата анализа вели дека најидеалните години за стапување во брак се средината и крајот на 30тите. Уште поинтересно.
Нормално овие анализи не важат за секого, но колку толку паѓа митот на постарите, кои сеуште веруваат дека раните и средината на 2отите е правото време за стапување во брак.