Кој побрзо се заљубува, мажите или пак жените?

Мажите тврдат дека не се вљубуваат брзо како жените, но досегашните истражувања ги демантираат овие тврдења, па така откриваат дека токму тие се оние кои побрзо се вљубуваат од спротивниот пол.

Научници од Универзитетот во Чикаго спроведоа студија во која половина од машките испитаници одговориле дека им е доволен само еден состанок за да дознаат дали ќе бидат освоени и одлучни да продолжат понатаму,

Дури 54 проценти од нив признале дека веднаш можат да препознаат дали можат да бидат во врска со девојката со која се излезени.Истото истражување покажува дека само 20 проценти од жените реагираат  така брзо на првиот состанок. На жените им е потребно да испијат повеќе од едно кафе со момчето за да знаат дали ќе има или ќе нема нешто меѓу нив.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.