Културата на пиење кафе (ВИДЕО)

Кафето е едно од најтругваните производи во светот. Според Националното здружение за кафе, тоа е најконсумиран пијалок после водата. Со текот на времето, пиењето кафе прерасна во вистински културен феномен. Тоа преставува еден вид на култура која е развиена до толку високо ниво, што слбодно можеме да кажеме дека тоа е стил на живот.

Кафето стана важен дел од општествените норми. „Паузата за кафе“ за време на работните обврски помага да се одржи енергијата во текот на денот. Дома, тоа е фокусна точка за забава. Создава социјален амбиент. Нема ништо подобро кога се потсетувате на убавите моменти со пријателите преку добро кафе.

Еве за пример да ја земеме Италија. Оваа земја и кафето се како едно. Италијаните имаат посебна врска со кафето, но не секое, туку со еспресото. Во Италија традиција е првото епсресо пред работа да го пиете во некое од локалните кафулиња и со тоа да го започнете денот. Сигурно се прашувате зошто баш оваа култура за пиење кафе е толку многу развиена во Италија?

Во оваа земја кафето има долга историја. Венеција била една од првите европски пристаништа што увезувала зрна кафе уште во 16 век. Италија навистина се појави како глобален лидер во кафето благодарение на миланскиот пронаоѓач Луиџи Безера. Во 1901 година, Безера дошол до идеја да направи краток и концентриран пијалок кој денес на сите ни е познат како еспресо. Еспресото го добило своето име поради тоа што намената му била да биде подготвено ескпресно за секој клиент.

Италијаните велат дека позади секое квалитетно еспресо, стои квалитетен маж кој знае како да го пие.

Најдобриот начин да го пиете вашето кафе е да седите на шанк во некое од локалните кафулиња. Можете да го сторите тоа заедно со пријателите или да уживате во мирен момент целосно сами. Целиот ритуал не трае подолго од 6-7 мин. Вкупно.

Со текот на годините, и македонците како полека да ја упиваат ова култура во пиење кафе. Во разговрор со неколку експерти за кафе од кај нас, и македонците знаат и умеат да препознаат квалитет. Омилено кафе на македонскиот народ е еспресото, но младите денес сакаат да експериментираат со вкусови.

Земете едно добро кафе, разменете неколку убави зборови и фатете се за работа. Ова е ритуал кој не треба да ве задржува долго. Утринското кафе не е посебна прилика за долги разговори и седење во кафуле. Не е шоу, тоа е начин на живот!

Leave a Reply

Your email address will not be published.