Оние што имаат домашни миленици знаат каков топол поглед и бескомпромисна доверба добиваат кога ќе се вратат во своите домови по исцрпувачки ден. Студијата на Универзитетот во Вашингтон потврдува дека уживањето на вашето домашно милениче за во неколку минути ве ослободува од стрес.
Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието АЕРА, а на испитот учествуваа 250 студенти. Студентите беа поделени во групи, каде што првата група играше со мачки, додека втората со кучиња во период 10 минути. Научниците собрале примероци од кортизол, од плунка, од секој студент, почнувајќи наутро, пред да започне експериментот.
Резултатите покажале дека значително пониско ниво на кортизол имало кај оние студенти кои во текот на денот играле со животни.
„Веќе знаевме дека оние студенти кои уживаат во интеракција со животни, имаат побогати искуства во позитивни емоции. Она што сакавме да го испитаме е дали и колку миленичињата влијаат на стресот. И тие влијаат, што е прилично возбудливо, бидејќи намалувањето на хормоните на стрес на долг рок може сериозно да влијае на физичкото и менталното здравје “, рече Патриша Пендрај, професор вработен во Катедрата за човечки напредок на Универзитетот во Вашингтон.
ФОТО: Unsplash
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 5 начини да покажете дека џентлменството сеуште постои