Сината боја е најприсутна во машката модна линија, но се чини дека ова лето ќе биде најдоминантна.
Во најновата колекција доминира во сите тонови, од најсветли до најинтензивни, но и темни бои како индиго и тегет. Стилистите потврдуваат дека не може да погрешите со оваа боја, бидејќи одговара во секое годишно време и во секоја модна прилика.
Предноста на сините тонови е практичноста и согласувањето со актуелните летни бои. Во сино може да изгледате елегантно и опуштено, зависност од тонот и изборот на модна комбинација.
Доколку сакате да оставите добар впечаток, искомбинирајте ја со црвена, портокалова или пак жолта боја.


ФОТО: Instagram