Ловeњето – синоним за џентлмените

Ловџиството отсекогаш се поврзувало со џентлменството. Иако во годините постојано се појавуваат здруженија кои се борат за правата на животните, сепак ловџиството се поврзува со хедонизмот, со спортскиот момент, уживањето.

За многумина ова не е добро, но сепак ловењето се води во строго дефинирани услови и правила. Не може да се лови секад еи не смее доколку за сето тоа нема план.

СИНОНИМ НА ЏЕНТЛМЕНИТЕ

Во годините наназад големите и богати семејства постојано оделе на лов и то апретставувало некаков си престиж во семејствата особено во Англија или Франција.

Се се сведувало на тоа кој има најдобра пушка, кој е најдобро облечен и како изгледаат.

Од таму се појавува и моментот дека ловџиите станаа синоним за џентлмените и модата. Сега еден ловџија оди на лов со добра панталона, врвна чизма, носи кошула, машна и елек, и на крај капут со добар шешир. За разлика од спортските лоовџии кои одат во комплетна маскиран униформа.

Во Македонија, во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствопостои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност. На Шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен.

Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч – 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.