Спој на италијанската ноншалантност, елеганција и врвен дизајн.
“Torinese”, е збор кој звучи како попладневно аперитиво. Тоа е симбол на спојот на одличен дизајн, израз на стил и онаа италијанската ноншалантност “sprezzatura“. И можеби веќе погодувате дека се работи за карактеристиките на Торино. А, токму тоа е името на новата колекција на Лука Фалони за сезоната есен зима 2021/2022.
Оваа колекција го враќа брендот назад во својот дом. Човекот кој стои позади овој бренд е роден во северниот дел на Италија и ја започнува својата изработка на гардероба како писмо до Торино, Италија.
Торино е негова муза за оваа сезона, и својата инспирација ја црпи од улиците на Торини и луѓето кои живеат таму. Италијанскиот стил зарем не би бил инспирација за секој од нас, нели?

ФОТО: Luca Faloni official website
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Модниот дизајнер Рубиначи ја враќа модата во историјата