Медиумите во светот започнаа да пишуваат за новата играчка на милјардерот Бил Гејтс. Се работи за супер јахтата SINOT AQUA прва јахта која користи ќелии на водород за придвижување.
Спецификација и дизајн
Оваа лепотица чини 644 милиони долари и е долга 113 метри. Има пет палуби, а може да прими 14 гости и 31 член на екипажот, вклучувајќи го личниот тренер кој е вработен во теретаната на јахтата.
Има авангарден дизајн, со луксузен ентериер кој наликува на хотел со 5 ѕвезди, надворешен базен, и останати преубави работи кои со целост ја оправдуваат цената.
Клучни работи кои на сне освоија се големите прозори во спалната, многу светлина, и дрвени конструкции внатре. Во апартманите има голема бања, гардеробер, спа ценtar.
Како плови?
Со спојување на кислород и водород овој брод произведува енергија за своите мотори и пропелери. Холандскиот производител се надминал себеси. Се движи со брзина од 17 чворови или 32 км на час, а може да плови непрекинато до 6000 километри. Се очекува да се појави во водите во 2024.










ВИДЕО