Луксузни брендови на часовници за мажите со стил

Часовниците претставуваат рефлексија на вашиот сопствен стил. Тие се пример за вкус и карактер. Одбирањето на добар часовник претставува една цела филозофија кај машкиот свет. Во денешно време е многу лесно да се најде добар часовник по прифатлива цена, сепак разбирањето во луксузни часовници ќе го води вашиот сопствен вкус за часовници.

Часовникот не е само уред за мерење на времето. Тој отсекогаш претставувал мерка за престиж помеќу луѓето. Преку часовникот се препознавала моќта на еден човек.

Во денешно време, часовниците држат до себе, и својата моќ, но се појавува свет на дигитализација кој некако како да ги размрдува сите аспекти. Но, сепак тоа според нас е невозможно, и класичниот часовник, ќе остане засекогаш симбол на мажите со стил.

Погледнете ја листата подоле од неколку луксузни брендови кои се популарни по изгледот и функционалноста на нивните часовници.

Audemars Piguet

Со постоење уште од 1875 година, овој швајцарски бренд ги произведува едни од најуникатните часовници на пазарот.

Patek Philippe

Швајцарски бренд кој е настанат во 1851 година. Познат е по тоа што во минатото најмногу бил носен од кралското семесјтво.

Rolex

Еден од најпрепознатливите брендови во светот кој според Forbes е и еден од најмоќните брендови во светот. Оваа компанија произведува околу 2000 часовници на ден.

Breitling

Создаден во 1884 година и инспириран од воздухопловството. Вистинско ремек дело на вашата рака. Моделите на Breitling се едни од најпосакуваните кај мажите.

Louis Moinet

Иноваторот на хронографските часовници и еден од најпознатите швајцарски брендови. Класика на рака. Тоа е бренд кој има историја.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Како да го одберет идеалниот часовник за вас

Leave a Reply

Your email address will not be published.