Најбогатиот човек на светот, односно основачот на „Амазон“, Џеф Безос летово за прв пат заплови со својата нова луксузна јахта наречена „Летечката лисица.
Безос во моментов се наоѓа на едно од најпознатите популарни турски летувалишта. Светските медиуми пишуваат дека Безос за неа потрошил 400 милиони долари.

“Летечката лисица” е долга 136 метри и може да прими 22 гости. Има 54 члена на екипажот, 36 кабини за гостите, вклучувајќи 11 ВИП кабини и четири палуби на бродот, базен од 12 метри и писта за хеликоптер.
Погледнете како изгледа феноменалната мега јахта на Џеф Безос на следново видео.