Мажите и нивните влакна, како да ги решите

Отстранувањето на влакната по телото стана популарен тренд во последните децении. Дали ова е намалување на мажественоста или начин да бидете попривлечни? Според испитувања направени од страна на едно дерматолошко списание 67% од мажите пробале на некој начин да ги отстранат влакната од интимната регија.

Еве како и дали треба да го правите тоа на влакнестите делови од вашето тело: Веѓите се важен ден од лицето, а служат и за заштите на очите од слевање, на пример од пот. Најважно е да не дозволите веѓите да бидат споени. Внимавајте и при отстранувањето на влакната измеѓу зошто ако е преголемо носот ќе ви биде истакнат. Пробајте со пинцета, ножчки или тример.

Влакната во ушите се уште доказ дека стареете. Препорачуваме отстранување во ножички специјални за лицеви влакна со цел да не дојде до повреди или најдобро – побарајте помош. Истото важи за влакната од носот, но секако тие се таму со некоја цел, како превенција од бактерии. Ваше е дали ќе ги отстраните целосно, но ние препорачуваме кратење со ножички или евентуално електричен тример.

Гради: освен ако не сте бодибилдер спремен за натпревар тогаш оставете барем дел. Влакната на градите треба да се кратат, но не и да се отстранат целосно. Ова го вели и Диана Шмит, експерт по нега и одржување која работела со Џорџ Клуни и Крис Хемсворт.

Влакната на грбот никогаш не биле привлечни, тука ја добивате целата дозвола да ги отстраните со депилација. Пазувите, луѓето кои работат со познатите личности препорачуваат да ги кратите, а не и целосно отстранувате. Што мислите вие? За интимата препорачуваме голема претпазливост, за горниот дел може да корстите тример, но за се останато најдобар избор се кремите за депилација.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Кои се најкористени препарати кај мажите

Leave a Reply

Your email address will not be published.