Македонски доктори кои важат за Суперхерои

Македонските доктори во овој период се навистина на висина на задачата. Во ситуација кога се пред голем предизвик пред себе за јавното здравје успешно се справуваат и ни влеваат огромна доверба и надеж. Нешто што можеби за нијанси се имаше изгубено низ годините.

Нашата држава има навистина доктори кои се Суперхерои. Без разлика од која специјализација се, секој има огромна тежина која ја носи на свои плеќи.

Ви ги презентираме македонските доктори кои важат за СУПЕРХЕРОИ.

Владимир Чадиковски

Доктор Владимир Чадиковски детски кардиохирург е голем херој на многу дечиња. Важи за исклучително голем професионалец кој е максимално посветен на професијата и работи на постојан развој и доусовршување. Човекот беше избран за Маж на фодината во 2018 година на првиот официјален избор на мажи на годината кај нас. Важи за урбан фраер кој постојано може да се сретне на некои од градксиѕте места

Венко Филипче

Вистински суперхерој во последните неколку месеци. Човек кој неуморно се бори со предизвикот кој го нападна целиот свет. Коронавирусот. Исклучително голем професионалец во неврохирургијата. Ја освои македонската јавност со својата смиреност, умереност, и стабилност во овие тешки моменти. Суперхерој кој според информациите кои ги имаме енергијата ја црпи од тренинг, вежбање постојано.

Боби Лазаревски

Слободан Лазаревски или Боби Лазаревски како што многумина милуваат да го викаат е човек кој усреќил многу брачни парови. Познатиот гинеколог и експерт по асистирана репродукција, д-р Слободан Боби Лазаревски е огромен професионалец, љибител на велосипедизмот, колекционер е на плочи, сака литература и културата. Ние знаеме и уште една работа, дека е голем љубител на добра пура.

Сашко Јовев

Сашко Јовев, директорот на државна кардиохирургија е човек кој покажа јуначки предиспозиции. Тој е првиот доктор под чие водство се направи првата трансплатација на срце од донор. Човек кој е вистински џентлмен. Ужива во добра пура и секогаш е на ниво на својата задача.

Leave a Reply

Your email address will not be published.