Филантропијата е повеќе од човечко чувство. Тоа е начин на живот, тоа е воспитување. Да се помога онаму каде помошта е повеќе и од потребна е одлика на големите луѓе, на оние вистинските џентлмени.
Не треба да се има премногу за да се даде. Треба да се има желба и чувство дека треба да се помага.
Во нашата држава има луѓе кои важат за големи филантропи. Еве кои се тие кај нас.
1. ЖИВКО МУКАЕТОВ

Овој џентлмен е човек кој постојано помага некому. Имаме чувство дека нема човек на кој не помогнал. Студенти, фамилии, институции, се само дел од неговото портфолио
2.ТРИФУН КОСТОВСКИ

Овој господин, кој се врати од Австрија во Македонија да придонесува, важи за еден од најголемите филантропи кои сме ги имале. Постојано помагал, и помага. Секоја чест за овој џентлмен од светски размери.
3.ВЛАДИМИР СТАЈИЌ

Семејството Стајиќ важи за семејство кое постојано донира или помага онаму каде е најпотребно. Хуманоста кај нив нема граница.
4.ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Семејството Чифлиганец исто така важи за едно од семејствата во Македонија кои помагаат најмногу. Постајно ја поттикнуваат филантропијата на едно друго ниво.
Кај не само што има фамилии кои донират и придонесуваат за развој на општеството туку има и компании кои навистина се општествено одогворни. Тука би ги вброиле Алкалоид, Адора, Гулф Оил, Веро, Тинекс, Витаминка, Пивара Скопје, Телеком, А1, и ред други кои навистина помагаат.