Македонски мажи кои ја одбележаа 2021 година: Сашко Јовев

И повторно доктор. Овој пат маж кој ја одбележа 2021 година во Македонија, е доктор Сашко Јовев. Единствено што можеме е да ја симнеме капата на ваков човек. Човек кој направи многу за другите. Човек кој за прв пат направи трансплатација на срце кај нас. Најголемиот гест на човечноста, овој човек ја става во функција.

Доктор Сашко Јовев, оваа година е Маж на годината кај нас. Но, и покрај таа титула човекот ја освои и наградата за Маж со најголем придонес во општеството. Заслужено мораме да признаеме. Овој човек плени со својата скромност, и џентлменски навики, кои секој од нас мора да ги применува, барем ддел во најмала рака.

Тој беше и гостин во Џентлмен Магазин, а неговото целосно интервју можете да го погледнете во целост на линкот подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published.