Македонски мажи кои ја одбележаа 2021 година: Горан Пандев

Гранде Пандев, со сигурност можеме да го сместиме во оние мажи кои ја одбележаа минатата година кај нас. Човекот кој не однесе на едно од најголемите натпреварувања, Европското првенство, човекот кој го постигна првиот гол за Македонската репрезентација на едно Европско првенство. Горан Пандев, кој минатата година се повлече од активно носење на дресот на нашата репрезентација, е човек кој постојано инвестира во фудбалската младина, преку својот клуб Академија Пандев.

Горан Пандев моментално игра за Џенова, и се поизгледно е дек агодинава ќе биде негова последна во активниот фудбалски свет. Гранде Пандев, е пример за секој млад човек. Човекот покажа како треба да се однесува една голема ѕвезда.

Во 2020 година, Горан Пандев, беше избран и за Маж на годината и Маж со најголем придонес во спортот кај нас.

Му посакуваме уште многу години успешна кариера на професионален план.

ФОТО: ФФМ / Фејсбук страница

Leave a Reply

Your email address will not be published.