Македонски мажи кои ја одбележаа 2021 година: Злате Мехмедовиќ

Како и секоја година така и оваа, ви ги претставуваме најсупешните мажи кај нас за изминатата година. Започнуваме со еден вистински џентлмен. Доктор Злате Мехмедовиќ. Докторот изминатата година, беше навистина активен во јавноста и гопривлекуваше вниманието со своите настапи. Пулмологот важи и за маж со стил, кој во секоја прилика изгледа одлично.

Злате Мехмедовиќ, изминатата година ја доби и наградата за Маж на годината со најдобар стил, и мораме да признаеме дека навистина му доликува. Секогаш облечен како што доликува, со одличен начин на живот, доктор Злате, е вистински пример за секој маж како треба да изгледа и да се однесува. Доктор Злате Мехмедовиќ е постојано присутен во јавноста и секојдневно покажува дека еден маж може да изгледа одлично без разлика на пригодата.

Тој беше и наш гостин во Џентлмен Магазин, а неговото интервју можете да го погледнете на следниот линк

Leave a Reply

Your email address will not be published.