/

Македонско кредитно биро склучи договор со Силк Роуд Банка АД Скопје за продажба на сопствени извештаи за физички и правни лица

Македонско кредитно биро започна соработка со Силк Роуд Банка АД Скопје за шалтерска продажба на Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица. Граѓаните и компаниите сега ќе можат да се информираат преку банките за бенефитите од сопствениот извештај, со што значително се подобрува пристапот до услугите и информациите на бирото.

Отсега, сите физички и правни лица ќе можат да го добијат Сопствениот извештај на Македонско кредитно биро, во експозитурите на Силк Роуд Банка АД Скопје ширум земјата, односно во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица и Тетово.

Македонско кредитно биро е единствената институција на пазарот која изготвува Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица. Извештајот е документ кој се изготвува лично за нарачателот, физичко или правно лице, кој сака да ја провери сопствената задолженост, односно нуди целосен увид во сите обврски и редовноста во исполнување на обврските и тоа: обврски по основ на кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Исто така извештајот содржи и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои укажуваат на тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не, со детали за секоја блокада поединечно.

Соработката помеѓу Силк Роуд Банка АД Скопје и Македонско кредитно биро се должи на континуираното настојување за подобрување на пристапот на услугите и прилагодување на потребите на клиентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.